Два нови пожари, огнот во Негорци се доближи на 50 метри од куќите

by Fokus

Центарот за управување со кризи информираше дека попладнево се избувнати два нови пожари. Едниот е во општина Петровец, во атарот на селотор Градманци, а се движи во насока на с.Катлановска Брезница.

Вториот пожар е во атарот на село Негорци, каде што, според директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, огнот се доближил на 50-100 метри од првите куќи.

-Поради загрозеност на луѓе и куќи, итно е пренасочен еден армиски хеликоптер, рече Ангелов.

Ангелов ги повикува жителите на Негорци да ја стопираат линијата на пожарот. Нема потрееба да го гаснат пожарот, туку да учествуваат во негово запирање.

Поврзани новости