580
Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска беше во градска болница „Свети Наум Охридски“ на увид на градежните работи во болницата кои започнаа во септември минатата година.
-Имаме комплетна темелна реконструкција на внатрешноста односно на собите, ходниците, салите и интезивната нега, а ќе се изградат и тоалети во поголем дел на соби, со што ќе се подобри стандардот на нега и услугата во болницата, изјави Тодоров.
Тој рече дека реконструкцијата ќе чини два милиони евра и е дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи во вредност од 74,6 милиони евра со кои се опфатени поголем број здравствени установи во државата. Реконструкцијата треба да заврши оваа година.