Повеќе од два месеци е закочен сообраќајот на Јадранската магистрала – возачите нервозни поради метежот со кој секојдневно се соочуваат. За да се помине стеснувањето кај мостот се чека и до половина час. Градежни работи во должина од буквално два метра создаваат невиден хаос.
– Предолго се гради за една многу мала работа и ситница, чекаме по 20-тина минути секој ден одсабајле. Сметам дека нема потреба за толку мала работа толку време да биде блокирана улицата… Ние секој ден од овде поминуваме вака е два месеци, а сеуште ништо не е направено,срамота за државатa, велат возачите.
Закочениот сообраќај е сериозен проблем и за компаниите од индустриската зона Визбегово кои трпат огромни штети поради лошата инфраструктура. Тие денеска преку протест побараа итно забршување на градежните работи на овој дел од магистралата.
– Апелираме да се работи поефективно, да се завршат работите во што е можен побрз рок – тотално е нарушена продуктивноста на работењето на нашите компании со тоа што сме попречени нормално да се одивва транспотот- Реагира Тања Коневска, член на претседателскиот одбор на индустриската зона Визбегово.
Овој проблем веќе 90 дена го толелираме, оваа лудило – фрекфрнцијата на возилата попречена бидејки се изведуваат градежни работи кои не с еизведуваат со брзината со која што треба да биде, бидејќи оваа требаше да се заврши многу побрзо – Реагира Таи Јакупи , член на претседателски одбор на индустриската зона Визбегово
Од Град Скопје апелираат граѓаните да покажат разбирање и да бидат трпеливи, реконструкцијата на мостот ќе траела два месеца и ќе завршела до 2 јули.
Санацијата на мостот се изведува во летните месеци поради очекуваната помала фреквенција на возила во градот, а поради природата на работите и градежните материјали што се употребуваат сообраќајот на оваа делница се одвива отежнато. – велат од Град Скопје.
Компаниите од Визбегово одамна бараат подобрување на инфраструктурата. Се жалат на лошите сообраќајници, но и на слабото напојување со електрична енергија и честите прекини.Индустриската зона се наоѓа на самиот излез од Скопје веднаш до обиколницата и патот кон Косово за кој со години се најавува дека ќе биде реконструиран.