Двa инциденти со запалени возила во Скопје

by Fokus

Двa инциденти со запалени возила во Скопје. Според МВР првиот инцидентот се случил нешто пред 13 часот на булеварот ”Борис Трајковски”, кога на семафорите во населба Пинтија стоеле “рено” и „бе ем ве“ и двете со скопски регистрации.

Најпрво се запалило реното управувано од 52-годишен скопјанец, па од него истекол бензин, кој се запалил и потоа било опожарено возилото “бе ем ве”.

Во пожарот кој го изгасна Бригадата за противпожарна заштита, нема повредени лица. Во вториот инцидент попладнево возило матиз се запали на булеварот Водњанска.

Поврзани новости