448
Концерти во чест на легендарните Аки Рахимовски и Тоше Проески ќе се одржат во Центар за култура Битола на 18-ти и 19-ти февруари.
Ќе настапи Камерниот оркестар на Битола, како и повеќе музички имиња од нашата естрада, а настанатите се насловени – Засекогаш во срцата.
Најавено е гостувањето на Каролина Гочева, Виктор Апостоловски, Димитар Андоновски, Јана Бурческа, Александар Тарабунов, Александра Јанева и други.
Диригент ќе биде Владимир Димовски, а цените на влезниците се уште не се објавени.
Аки Рахимовски кој почина на 22-ри јануари, последниот концерт во Македонија го одржа на ракометното игралиште во Битола, на седми јули лани, заедно со Камерниот оркестар, со наслов Рок симфонија.
Вики Клинчарова