Два ер трактори тргнаа кон Неготино, околу Липа повторно гори!

by Fokus

Предмалку два од трите ер трактори во сопственост на државата се упатиле кон Неготино, каде веќе трет ден е активен голем пожар.

Информацијата за „Фокус“ ја потврди директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Пожарот кој започна во средата наутро кај армискиот полигон Пепелиште, а од вчера се прошири и на планината Серта, синоќа поради јужниот ветар бил пренасочен од селата Липа, Калањево и други околни места, но како што пред малку за „Фокус“ информираа мештани, сега пак се разгорел кај Липа.

Таму, освен имот, има и штали во кои се чува добиток и истиот не е транспортиран на безбедно.

Населението повторно апелира до надлежните институции да се испрати што е можно поголема механизација за гасење на пожарот, со цел истиот да се локализира пред да ги зафати селата.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости