Компанијата „Софија Градба“ си ги врати акциите во земјоделскиот комбинат „Пелагонија АД Битола“ што претходно и ги продаде на „Орка Холдинг“ и сега е повторно мнозински акционер.
„ЗК ПЕЛАГОНИЈА АД БИТОЛА, согласно чл. 38 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје, известува дека настаната е промена на сопственост врз акции на начин што одреден досегашен сопственик со над 5% од вкупниот број на акции – друштвото ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје, повеќе не е акционер со над 5% акции, а повторно акционер со над 5% акции е друштвото СОФИЈА ГРАДБА ДООЕЛ Скопје со 46.046 акции, односно 22,69% од вкупниот број акции“, е последното известување поврзано со промените на сопственоста во битолскиот Комбинат.
Фирмата „Софија Градба“ пред два дена ги продаде сите акции што ги поседуваше во комбинатот.
„ЗК ПЕЛАГОНИЈА АД БИТОЛА, согласно чл. 38 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје, известува дека настаната е промена на сопственост врз акции на начин што одреден досегашен сопственик со над 5% од вкупниот број на акции – друштвото СОФИЈА ГРАДБА ДООЕЛ Скопје, повеќе не е акционер со над 5% акции, а постои нов акционер со над 5% акции – друштвото ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје со 46.046 акции, односно 22,69% од вкупниот број акции“, е официјалната објава од комбинатот, пласирана преку берзанскиот систем за електронски информации за котираните друштва.
Фирмата „Софија Градба“ има двајца сопственици, компанијата “Бест Вест Инвестмент ДООЕЛ“ чиј сопственик е Јордан Мијалков и „Делта 2015 констракшн ДООЕЛ“, двете од Скопје.
Цената за акција е 2.319 денари, а целиот износ на трансакцијата е 106.780.674 денари, односно 1,73 милиони евра.
Во сопственичката структура во ЗК „Пелагонија“ се „Софија Градба“ Дооел со удел на акции од 23%, Златко Пирузе со 18%, , газдата на „Пелистерка“, Цветан Панделески со 15%, „Нова Агро Инвест“ Дооел СКОПЈЕ 10% и останати акционери со 34%.
Орце Костов