Два британски воени брода се судрија во близина на Бахреин

by fokus

Во тек е истрага откако два британски воени брода се судрија во пристаништето во Бахреин, соопшти Кралската морнарица.

Од судирот има и видео кое на големо се споделува на социјалните мрежи. Изгледа дека бродот Чајдингфолд удрил во бродот Бангор, кој се наоѓал веднаш до брегот во пристаништето на Блискиот Исток.

Во инцидентот нема повредени, соопшти британското Министерство за одбрана, одбивајќи да ја коментира природата на судирот додека истрагата е во тек. Двата брода се сместени таму како дел од долгорочното присуство на Обединетото Кралство во Заливот.

И двете се специјализирани пловила за отстранување или детонирање мини и помагаат да се обезбеди безбеден проток на трговијата низ водите, според Кралската морнарица.

„Свесни сме за инцидент во кој учествуваа два миночиста во Бахреин. Нема жртви како резултат на овој инцидент и би било несоодветно да се коментира дополнително додека истрагата е во тек“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана за Би-би-си.

Поврзани новости