Душан Илиевски, попознат како Душко Млекарот, на својот фејсбук профил го повика Александар Кирацовски, да го тужи него, а не медиумите кои го пренесоа неговиот фејсбук статус, каде бара Антикорупциска комисија да испита како Кирацовски се стекнал со, како што вели, хациенда во центарот на Битола.
„Кирацовски, јас Душко Млекарот јавно те повикувам мене да ме тужиш, а не медиумите да ги тужиш. Кирацовски, јас ќе ти докажам кој финансираше за да ја направиш хациендата во строгиот центар на Битола!!! Кои бизнисмени ги рекетираше!!!“, напиша Илиевски.
Претходно во понеделникот Илиевски објави статус каде бара Државната комисија за спречување на корупција да истражи како поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, за две години се стекнал со имот „хациенда“ во строгиот центар на Битола и автомобил од марката „опел инсигниа“ вредна 50 илјади евра.