Душко Млекарот: Да се објават снимките да се види како бев наместен од фамилијата на власт

by Fokus

Имам аргументи и докази да побарам политички азил. Уште кога бев во Македонија побарав во американската амбасада, побарав во шведската амбасада и во германската амбасада. Се одлучив да дојдам во Германија. Имав големи притисоци како никогаш до сега, бев приведуван на полноќ во два три ноќта и имав две кривични пријави тврди Душко Илиевски познат како Млекарот во интервју за „Фактор“.

Тој раскажува низ кој хорор поминал од актуелната власт, колку пати го апселе, какви трауми преживеало неговото семејство, зошто се одлучил да бара политички азил во Германија.

– Да добијам азил во Германија не би се вратил во Македонија да живеам никогаш. Имам тука пријатели и роднини се снајдов добро и се ми е добро. И ќе побарам јавно Катица Јанева да ги објави моите снимки како бев наместен и прислушкуван цело време. Оти во јавноста само беа објавени снимки од политичари, а од Душко млекарот не беа објавени разговорите како сум наместен со фамилијата. Бев на снимките кој ги имаше претедателот на СДСМ, Зоран Заев кој ми имаше кажано дека ме има на снимките, како сум наместен од страна на ВМРО-ДПМНЕ – тврди во интервјуто Илиевски.

 

 

Поврзани новости