Душан Пецовски е нов претседател на Управниот одбор на “Реплек”

by Fokus

Ноовиот претседател на Управниот одбор на „Реплек” е Душан Пецовски, дознава “Фокус”. Одлуката за негов избор е донесена во текот на вчерашниот ден откако на седница на Надзорниот одбор се гласало за избор на новото раководство.

Пецовски ќе раководи со „Реплек“, неколку месеци по обидот акционери да донесат промени на менаџментот чија работа, според поголемиот дел од нив, не беше задоволителна. Со ова престанува долгогодишното менаџирање на Реплек од страна на семејството Туџарови и ова е прв пат во историјата на ваков начин да се сменат првите луѓе во една компанија.

Сепак Иван Туџаров довчерашниот прв човек сега ќе биде член на Управниот одбор, а останати членови се и Цане Талевски, Александар Томовски, Коста Котески.

По изборот на новиот Надзорен одбор на компанијата изгласан на седницата на 22 септември од страна на Собранието на акционери, Антонио Георгиевски, Славица Туџарова Трајковска, Петар Андреевски и Владимир Гашевски тие вчера ги изгласаа членовите на Управниот одбор.

Душан Пецовски е еден од најголемите поединечни акционери во Реплек односно сега поседува 11,92 отсто од акциите во друштвото. Тој и брат му беа едни од главните актери за промени во друштвото пролетоска. Некои турбуленции настанаа кога раководството предложи да се дели годинава дел од добивката на друштвото како дивиденда, во нето износ од 2.153 денари по акција, а награда за раководниот тим од 13,7 милиони денари.

Но, Иван Туџаров по неколку месеци поднесе оставка и поголем дел од акциите му префрли на синот.

Висината на дивидендата тогаш беше причина за незадоволство на дел од акционерите кои пак на Акционерското собрание не го усвоија веднаш со потребниот број гласови Извештајот за работата на Управниот и Надзорниот одбор, по што дури и висеше позицијата на првите луѓе. На продолжението на Собранието, сепак, по некое време извештаите беа усвоени.

 

С.Т

Поврзани новости