520
Од автобуската компанија „Дурмо турс“, чиј автобус вчера се преврте кај Карпалак на автопатот Скопје-Тетово изразија сочув ство до семејствата на загинатите и побрзо закрепнување на повредените.
-Вчерашниот кобен ден е голема трагедија за компанијата, за повредените, за семејствата на починатите и за целата држава. Немаме зборови за сочувство на загинатите и семејствата. На повредените им посакуваме брзо оздравување. Очекуваме допрва институциите да излезат со конечна анализа и истрага за причините од трагична несреќа, велат од „Дурмо турс“.
Тие додаваат дека нивните возила се исправни, редовно се сервисираат, и ги поседуваат сите потребни лиценци.