Дурмиши: Мерките во економијата веќе носат резултати

by Fokus

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, во гостување на Топ Тема истакна дека досега применетите мерки покажуваат позитивни резултати.

Тој нагласи дека за да се постигнат среднорочни и долгорочни решенија, потребна е поголема поддршка за домашните производители и земјоделци. Дурмиши верува дека со посилна поддршка за локалното производство, ќе се намалат цените на основните прехранбени и земјоделски производи, слично на моменталниот тренд кај сезонските производи.

Соопшти дека и до крајот на јуни продолжува интензивното следење на движењата на цените на основните производи.

Според него, инспекциските служби и во овој месец ќе вршат контроли на терен, по што на крајот на јуни ќе се изготви извештај, како што беше случај и во мај.

Поврзани новости