Дурмиши: Есенската кошница ги даде резултатите, цените се стабилизираа и се намалија

by Fokus

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на прес-конференција во Министерството а економија и труд ги презентираше резултатите од Есенската потрошувачка кошница.

„Есенската кошница како мерка која што ја донесовме на крајот на септември веќе заврши, заклучно со вчерашниот ден. Мерката беше спроведена успешно и според анализите на Министерството за економија ги даде очекуваните резултати. Оваа мерка ја донесовме со цел да ги заштитиме граѓаните во време кога има зголемување на цените на основните прехранбени производи, пред се за време на празниците, односно да се стабилизираат цените и да не дојде до нивно нагло зголемување. Тоа и се случи, со мерката успеавме да не дозволиме нагло зголемување на цените на основните прехранбени производи, туку нивни стабилизирање и намалување во одредени сегменти“ рече Дурмиши.

Посочи дека имаат забелешки во голем дел од трговците и дел од дистрибутерите, но, според него, сепак ги даде резултатите кои ги очекуваа.

„Нашите податоци кажуваат дека искажано во заштеда во пари за едно четворочлено семејство, на месечно ниво заштедата од ограничените маржи и намалените цени на дел од производите изнесува од 690 ден до 1.360 ден по семејство, во зависност од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавува истата. Тоа го потврдуваат и податоците на Синдикатите од нивната синдикална кошница каде што во октомври во делот на храна и пијалаци е намалена за 935 денари. Тоа укажува дека мерките на владата кој што се во моментот на сила дале резултати и цената на храната за еден месец е намалена. Вкупното намалување на октомвриската синдикална кошница е 57 денари, но тука вклучува и кирија“ рече Дурмиши.

 

Поврзани новости