368
Оперскиот пејач и обвинет за настаните на 27 април, Игор Дурловски вечерва на Фејсбук се јави со реакција откако премиерот Зоран Заев повика на простување за насилството во Собранието.
-Подарена слобода на неправедно обвинетиот, прифатена како милост од ,,горе”, ќе биде претежок товар врз плеќите на еден родител, пријател, македонец, кој цел живот се бори токму за една ВИСТИНСКА…СЛОБОДА!, напиша Дурловски.