Дурловски: Нема да молам за помилување, ќе ја докажам мојата невиност!

by fokus

Обвинетиот од насилствата во Собранието од 27 април минатата година, Игор Дурловски отфрли да биде амнестиран за немилите настани во Парламентот.

Како што истакна тој, останува со чисто срце, а вистинско помирување, како што вели, ќе се постигне со правда, чест и морал.

„Почитувани, наместо молба за помилување, ја споделувам со Вас мојата одлука да продолжам со борбата за докажување на мојата невиност за обвинението за кое ми се суди. Секоја борба носи свој ризик, а со оваа постапка го ставам на ризик и мојот и животот на моите најмили, но, убеден сум дека ме разбираат зошто ова е важно, да се бориме за своите принципи, за правда, доследно и храбро.
Се надевам дека со оваа одлука ќе и ја одземам можноста на политиката да се постави над правичноста и судството. Во свое име и во име на моите пријатели од „Заедничка Македонија“ и на илјадниците чесни и мирољубиви граѓани кои ги исполнуваа улиците со љубов кон татковината.
Ја отфрлам можноста да бидам дел од селективна правда и понатамошни интриги со криење позади превезот на Вашето политичко „помирување“. Вистинско помирување може да постигнеме само со правда, чест и морал.
Останувам со чисто срце со љубов кон татковината, верба во Бога и надеж за подобра иднина за сите нас“, напиша Дурловски на својот профил на Фејсбук.

 

Поврзани новости