Дурловски: На неколку километри од куќата на Татарчев не обезличија

by Фокус

Игор Дурловски, носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5, денеска во Ресен истакна дека владата на СДСМ во изминативе три години потфрлила во економијата, здравството, владеењето на правото и културата.

-Видовме како не успеваат да го остварат ветеното, цената што ја плативме за нивниот неуспех е превисока. Видовме како на само неколку километри од родната куќата на борецот за идејата независна Македонија (Христо Татарчев), два века подоцна ја погребаа државата, како со невидена леснотија ни го погазија достоинството и не обезличија. Заборавија дека гордоста на еден народ е вродено врзана за неговиот идентитет за кој велеа дека ќе биде бетониран со договорот од Преспа – истакна Дурловски.

Тој додаде дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е подобрување на животниот стандард и создавање услови за задржување на младите во земјава.

Поврзани новости