Вкупно 822 граѓани по вторпат се заразиле од ковид 19 за време на целата оваа ковид пандемија, покажува Извештајот на Институтот за јавно здравје.
Според нашите информации, дел од тие пациенти поминале со лесна клиничка слика, додека дел завршиле и на болничко лекување, а за некои второто заразување било и кобно за животот. Тоа што е уште поалрамантно во целата приказна е што се повеќе се намалува интересот кај граѓаните за вакцинирање, додека на социјалните медиуми интензивно се водат антиваксерски кампањи.
Нашите извори уште тврдат дека до крајот на мај доминирал алфа варијантата на вирусот, а првиот случај на делта се почетокот на јуни од кога почнал и алармантно да се шири.
„Фокус“ пред неколку недели објави дека 52-годишна Тетовчанка е жената, која дури трипати се заразила од опасниот вирус ковид 19.
Според нашите информации, тетовчанката прв позитивен тест на корона вирусот добила на 25 јули, лани и во тој период не била хоспитализирана во болница. По првото заразување, единствениот симптом кој го имала била главоболка. Нашите извори тврдат дека само неколку месеци подоцна, поточно на 6 декември, истата година таа по вторпат се заразила од Ковид 19 и повторно не била болнички третирана.
Но, тука не завршува приказната. Педесет и двегодишната жена се заразува дури по третпат од опасниот вирус на 19 јули, 2021 година. Нашите информации уште кажуваат дека таа била вакцинира со две дози од кинеската вакцина синофарм, а од коморбидети имала хронична бубрежна болест и висок притисок.
Сепак, и покрај сите три заразувања со Ковид 19, таа оздравела, но е единствената жена која досега дури трипати бил носител на опасниот вирус.
Заклучно со вчерашниот дневен извештај од министерството за здравство, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.449, бројот на оздравени пациенти е 193.781, на починати е 7.337, а бројот на активни случаи изнесува 8.331.
Ирена МУЛАЧКА