Во изминатото деноноќие регистрирани се 568 нови случаи на КОВИД-19, со што бројката на активни случаи во земјава достигна 7.131. Истовремено, опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години, информираат од Министерството за здравство.
Досега во земјата се направени вкупно 1.393.963 тестирања на Ковид-19, од кои во изминатите 24 часа 3.594 тестирања.
Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 3.467, Куманово – 442, Велес- 337, Прилеп – 327 и Битола – 311.
Во последните 24 часа оздравени се 293 пациенти и регистрирани се 12 починати лица, информираат од Министерството за здравство.
Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани, 36.424 примиле трета доза
Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 9.009 дози вакцини, од кои 1.873 се аплицирани како прва доза, 1.580 се ревакцинирани, а 5.536 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со завчера вкупно се вакцинирани 806.781 граѓани, ревакцинирани се 777.655, а трета доза примиле 36.424 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството.