Јавното комунално претпријатие Комуналец од Прилеп го собрало целиот смет и ги исчистило улиците по четирите фестивалски денови, по повод манифестацијата Пивофест 2022.
Како што информира градоначалникот Борче Јовчески, јавната чистота била на највисоко ниво и ЈКП Комуналец собрал 50 тона ѓубре, а наутро се миеле улиците.
Според него, во Прилеп имало над 100.000 посетители од земјава и иселеници од странство.
-Пивофест 2022 имаше најголем број на изведувачи на сцената, што наназад не се случило, имавме беспрекорна организација. Заслугата е на граѓаните, естрадните гости, прилепската чаршија…
Ова беа успешно поминати четири денови, собраните 50 тона ѓубре се показател дека посетеноста била огромна- изјави Јовчески, додавајќи дека со големата посетеност се подобрува и економската ситуација во општината.