Дури 42 ученици и 19 деца од градинка во изолација денес во Тиквешијата!

by fokus

Поради позитивен ученик во основно училиште во Кавадарци, во изолација одат 20 деца и двајца наставници. Исто така, поради позитивен ученик во Росоман, во изолација се 22 деца и еден наставник.

Во Кавадарци, позитивна е негувателка во градинка, поради што осум деца и една негувателка се во изолација, како и во Росоман, каде поради позитивно дете во градинка во изолација се 11 деца, две негувателки и еден воспитувач – известуваат од ЦЈЗ Кавадарци.

Корона вирусот во Тиквешко не стивнува. Денес во Кавадарци до 14 часот се регистрирани 31 позитивен случај, а лицата се на возраст од две до 78 години. Во Неготино има 14 нови случаи, на возраст од 18 до 63 години.
Во Росоман позитивни се три лица на возраст од 29 до 52 години, а во Демир Капија две лица на возраст од 35 и 37 години.

Според вчерашните податоци од МЗ, во Тиквешко беа активни 662 случаи, а со денешните случаи надмината е бројката од 700 активни.

Вики Клинчарова

Поврзани новости