Дури 34 пожари имало во изминатото деноноќие

by fokus

Во текот на изминатото деноноќие, согласно информациите до Центарот за управување со кризи биле активни други 34 пожари на отворен простор.

– Пожарникарите, паралелно гаснејќи пожари во населените места, гаснea најмалку 34 евидентирани пожари на отворено, на одредени места и со помош на локалното население. Пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Активен е само уште еден пожар од последното изминато деноноќие, на непристапен терен на Селечка Планина – информираат од ЦУК.

Од таму додаваат дека конкретно, Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Прилеп гаснеле пожар на запалена сува трева меѓу атар на с.Волково и с. Прилепец во територијалниот опфат на општината Прилеп со 1 противпожарно возило и 3 пожарникари.

– Пожарот што започнал во 19.12 часот бил изгаснат во долниот дел на пределот во близина на атарите на селата меѓутоа активен бил во горниот дел на непристапен терен на Селечка Планина – појаснуваат од ЦУК.

Од оваа институција додаваат дека целосно се изгаснати 33 пожари на отворено.

Воедно информираат дека во последното деноноќие имало вкупно 2.091 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,60 отсто, а 59,40 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 50,17 отсто, кон Итната медицинска помош 34,01, а кон пожарникарите 14,48 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Поврзани новости