1.1K
Дури 206 случаи на заболени од корона вирус во земјава биле без симптоми, покажуваат статистиките на Институтот за јавно здравје.
Според нашите информации, тие се и најголеми преносители на оваа заразна болест, кои несвесно ја шират на околината.
Денешниот извештај на министерството за здравство покажува дека во земјава има 663 заболени од Ковид 19, а досега повеќе од 30 смртни случаи.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека на Клиниката за инфективни болести се примени пет нови случаи со што вкупната бројка на хоспитализирани изнесува 68.
Меѓу нив е и четиримесечно бебе, најмалиот пациент заразен од корона вирус.