Четиринаесет сообраќајки вчера се случиле на подрачјето на Скопје, при што една била со тешки телесни повреди, девет со телесни повреди и четири со материјална штета, информираат од МВР.
Оттаму појаснуваат дека биле казнети и 17 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената.
-Исто така 22 возачи се исклучени од сообраќајот: од нив – 17, управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници а тројца возеле под дејство на алкохол. Тројца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, десетмина неправилно се престроиле и двајца возачи заради неправилно престигнување. Покрај ова од сообраќај се исклучени 31 возило: од нив – 19 биле нерегистрирани а 12 технички неисправни. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци кои поминале крстосница на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 89 мандатни платни налози, додека 87 возила се подигнати со “Пајак”, информираат од МВР.