428
Кралот вечерва објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“. И почна, почна да тече реката од карневали составена од 41 групи со 1.200 учесници со 300 гости од странство, кои на Интернационалната вечер повеќе од 3,5 часови ќе дефилираат низ улиците на градот.
Реката од маски само на момент запираше кога групите ги претставуваа своите кореографии пред жирито и публиката.
Темите беа најразлични-Струмичка корида, љубов, музика, јунаци од филмовите и многу други кои под ритамот на музиката имаа волшебен сјај.