Дуплиран бројот на Бугари во Македонија

by fokus

Според податоците од пописот кои беа објавени денеска, бројот на граѓани кои се декларирале како Бугари во Македонија изнесува  3.504 лица.

Тоа претставува 0,19 отсто од вкупното резидентно население во земјава и деветта етничка заедница според застапеноста.

Ако се направи споредба со претходниот попис од 2002 година, тогаш бројот на Бугари во Македонија е дуплиран. Тогаш  1.487 се изјасниле како Бугари.

 

Поврзани новости