„Дупер“ промовираше нова песна: Зад заразната мелодија и певлив текст се крие љубовна емоција!

by Fokus

Борис Какуринов и Илчо Нечовски од музичкото дуо Дупер го промовираа најновиот музички проект „Кажи ми во лице“.

Како што известуваат од тимот на дуото, преку најновата песна „Кажи ми во лице“ тие успеале со поинаков пристап да го искажат својот автентичен музички стил со заразни мелодии и певлив текст, зад кој се крие искрена љубовна емоција.

Музиката и текстот се авторско дело на Борис Какуринов и Илчо Нечовски, зад аранжманот на песната се потпишува Борис Какуринов, а за миксот и мастерот е задолжен Ангел Ќосев од студио „Подрумот“.

-Видео записот, кое е дело на Јордан Ѓорески, е снимен во пријатна и тивка, домашна атмосфера која совршено ја отсликува приказната и емоцијата во песната.

Музиката што ја создава Дупер е единствена и безвременска и затоа секој нивен нов проект освен што носи свежина во македонскиот музички етер, исто така секогаш е пријатно изненадување за публиката.

Со песните „Не сум твој тип“, „Ние сме 2“, „Тело за на ТВ“, „Пробај да ми бидеш“ ја освоија македонската публика, а со „Кажи ми во лице“ докажаа дека се квалитетно музичко дуо кое создава оригинална музика со препознатлив и карактеристичен звук- велат од тимот на дуото.

Вики Клинчарова

Поврзани новости