659
Не се чувствувам виновна што сум ги земала парите бидејќи ги заслужувам, но ќе ги донирам да му се најдат на тој што му требаат, изјави Виолета Дума, член на Државната изборна комисија, на денешната јавна седница на која се разгледува предлогот за отповикување на одлуката за исплата на бонуси.
Според Дума членовите на ДИК и претседателот на Комисијата имаат право на надоместок за работата надвор од работното време.
Членот на ДИК предложен од ДУИ, Субхи Јакупи, рече дека ќе ја поддржи одлуката за враќање на надоместоците.
-Мојот труд не се цени, па затоа земам и надоместоци. Инаку ја поддржувам идејата за враќање на бонусите – додаде тој.