432
Адвокатот Сашо Дукоски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека во новиот Закон за амнестија има многу нелогичности за кои дела е дозволена амнестија, а за кој не.
-Во Словенија имате линеарно намалување на сите затворски казни за една четврина, независно за кое кривично дело. Тоа е спорно во нашиот Закон за амнестија. И во Законот на Италија амнестијата е линеарна. Ако државата може да казнува, државата може да даде амнестија, но не треба да дискриминира. Тоа доведува до нерамноравност на граѓаните, вели Дукоски.