590
Универзитетскиот професор Никола Дујовски во гостувањето во ТВ 24 говореше за денешниот изборен ден од вториот круг на локалните избори.
Како што истакна тој, не очекува дека резултатите од овие избори ќе имаат негативна промена за лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Сметам дека после денешните избори, Владата ќе продолжи да работи во полн состав. Не очекувам дека овие резултати ќе имаат негативна промена за премиерот Заев. Тоа го кажаа граѓаните. Нашата држава конечно ќе има разноликост и ќе видиме колку се способни новите градоначалници. Во СДСМ се потребни промени“, истакна Дујовски.