Демократската Унија за Интеграција изразува жалење за петочниот инцидент кој што се случи во кафеана во селото Кондово, општина Сарај, во кој што се повредија четири лица.
Истовремено, Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко жалење за начинот на известување и тенденциозното пренесување на веста за овој инцидент од страна на медиумите во земјата кои што неправедно заклучија дека инцидентот се случил во просториите на ДУИ во Сарај за време на партиски состанок.
– Во петок, структурите на ДУИ немаа ниту една партиска активност во Сарај, но ниту имаше состанок на огранокот на ДУИ во Сарај или било кој од подограниците во овој огранок. Истотака, лицата вклучени во овој инцидент не се дел од избраните структури на огранокот во Сарај ниту во подограноците во респективниот огранок – велат од ДУИ.
Овој инцидент, на ниту еден начин не може да се поврзи со изборниот процес во структурите на ДУИ во подограницте и огранокот Сарај.