Демократската унија за интеграција денеска ја продолжи презентацијата на својата изборна програма базирана на заветите на зелената агенда и проектите за квалитетен живот, денеска во Бузалково во општина Велес, презентирајќи ја истовремено и листата на кандидати за советници за општина Велес предводена од Невзат Муареми.
На жителите на Велес им се обратија претседателот на Демократската yнија за интеграција Али Ахмети и првиот вицепремиер Артан Груби. Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети во својот говор ја истакна големата поддршка за Албанците од Велес и посветеноста да се продолжи патот на развојот на нивниот живот и нивната факторизација преку имплементацијата на зелената агенда.
-Во овие дваесет години инвестиравме во кадри, инвестиравме за да не се поделат Албанците, инвестиравме и едуциравме кадар за да се занимава со работа, програми и проекти, со идеи и визии, а не со пцовки и навреди. Срамно е за нас да навредуваме или да ги клеветиме другите, и ние никогаш нема да го сториме тоа, и покрај тоа што ова го прават другите, но ние се надминавме себеси затоа што ги ставивме интересите на нацијата над се друго. Има многу проекти, проекти кои ќе се реализираат преку кадарот што ќе победи на овие избори за градоначалници, кои ќе ја спроведат програмата со која ќе излезат и ќе им ветат на граѓаните, рече Ахмети.