Откако Холандската амбасада во Скопје на социјалните мрежи соопшти дека нивниот амбасадот, Дирк Јан Коп имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети на која порачал дека е неприфатливо да има политичко влијание врз претседателот на Врховниот суд, за средбата соопшти и партијата.
Во него се вели дека Ахмети истакнал дека во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите.
-Владеењето на правото и проверката за сите судии и обвинители беше дел од разговорот на средбата на Ахмети со амбасадорот Дирк Јан Коп. Законот за ветинг за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имаше резерви во овој процес, повикувајќи се на примерот со Република Албанија. Што се однесува до Врховниот суд, Ахмети истакна дека во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите. Според извештаите, до денес имало повеќе дисциплински постапки и во нивна надлежност е да постапуваат согласно законот и без било каков внатрешен или надворешен притисок, пишува во соопштението од ДУИ.
Освен ова, според соопштението, тие разговарале и за влијанијата на истокот во регионот, владеењето на правото, реформите како и важноста од европската интеграција.
-Зголеменото руско и кинеско влијание во земјата и регионот ја загрозува европската иднина, заклучиле двајцата.
Холандската амбасада пак соопшти дека Коп се сретнал со Ахмети да му пренесе порака дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија на членството во ЕУ е во ризик ширум политичкиот спектар.
-Исто така, несоодветното политичко влијание врз позицијата на претседател на Врховен суд, што е судско прашање, е неприфатливо и ќе предизвика силна реакција од Холандија, соопштија од амбасадата.
Претседателката на Врховен се соочува со постапка за разрешување од претседателското место на највискиот суд откако откри дека Врховен имал притисоци за оживување на аболицијата на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов.