ВМРО ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е судски потврдено криминално здружение, но и без тоа, нема граѓанин во нашата држава, дури и членовите на ВМРО ДПМНЕ знаат, дека корупцијата и организираниот криминал во нашата земја се измислени и перфекционирани од страна на ВМРО ДПМНЕ, реагираат денеска од ДУИ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека близок човек на Артан Груби добил лиценца за баждарење на бензиски пумпи.
-Унапредениот син од страна на неговиот татко на факултет, Христијан Мицкоски, идеолошки партнер на Додиќ, Јанша, Орбан и Апасиев, и политички хидро-бизнисмен, соработник со неговите бивши заменици и анти НАТО и анти ЕУ елементи во нашето општество, нема ниту кредибилитет, ниту поддршка да говори и обвинува за корупција, ниту за иднината на нашата земја која што ја држи во заложништво и блокада.
ВМРО ДПМНЕ е синоним за корупција, потврдено од самите партиски челници со признание пред Судот, потврдено од судот и со целосно државно конфискуван имот. Тоа го потврди и Данела Арсовска. Тоа го знае секој граѓанин во Северна Македонија. Тоа го знае цела меѓународна заедница.
ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се синоним за блокада. Го блокира Собранието, општините, Владата, сите проекти, и цела држава. Тоа е вистинската корупција.
ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се синоним за заложништво. Нема поголема корупција од заложништвото на ВМРО ДПМНЕ на своите граѓани и нивната европска иднина. ВМРО ДПМНЕ е во мртва расистичка трка со Левица која да биде по анти-албанска партија, велат од ДУИ без да одговорат дали е вистина дека близок човек на ДУИ почнал бизис и добил лиценца од државата за инспекции на бензиски пумпи.