Опозициската ВМРО ДПМНЕ секојдневно потврдува дека е фундаментално ориентирана против Албанците во нашата држава, против изградбата на коридорот 8 и против интеграцијата во Европската Унија и стратешкото пријателство со САД, истакнуваат од ДУИ.
„Едно зборуваат на затворени состаноци, друго во јавност. Напорите на ВМРО да се натпреваруваат во мртвата трка со Левица во тоа кој е поголем антиалбанец, ја враќаат државата пред 2001 година. ВМРО е против албанскиот јазик и против Охридскиот Рамковен договор. Блокирањето на интеграцијата во ЕУ и пријателството со САД од страна на ВМРО има за цел зацврствување на руското присуство во земјата и регионот“, велат од ДУИ.
Од таму посочуваат дека „демонстрацијата на една едиствена слика во маскирна униформа со празен калашников и опколен со жени и деца на испраќање на Мицкоски како и повиците на војна во Собрание од страна на Николовски имаат цел дестабилизација на земјата“.