ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ е последната партија што треба да зборува за криминал и корупција

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ е партија синоним за криминал и корупција, а нејзиниот лидер наоколу се фали како точно напамет ги знае сите тендери во општините каде ВМРО-ДПМНЕ раководи, реагира ДУИ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Десетици судски случаи се се уште активни против нивни истакнати функционери кои не успеаа да пребегаат од државата. ВМРО-ДПМНЕ е последната партија што воопшто треба да зборува на тема криминал и корупција.

Мицкоски и неговите соработници рацете во медот ги ставија уште при прво доаѓање на власт, докажувајќи дека од нив друго нема да може да се очекува. ВМРО-ДПМНЕ е партија без идеологија и позиција, со конекции кои стигаат до Кремљ, а единствен интерес е голата желба за власт и профит. Тоа е организација на лажни патриоти кои молат бога некој друг да ги реши проблемите на граѓаните додека тие профитираат со национлаизам и подгревање тензии.

Му порачуваме на Мицковски да престане со измислување афери за ДУИ, лагите нема да му донесат ниту еден глас повеќе, а конфронтирањето со ДУИ нема да му создаде прцепија дека е политичар од прва лига. ДУИ јасно стои на своите ставови и ги поддржува истражните институции да ја завршат својата работа по било кој случај или сомнеж за нерегуларности, се вели во реакцијата на ДУИ.

 

Поврзани новости