ДУИ три дена ќе слави 20-годишнина – најавуваат концерти во Скопје и Тетово

by fokus

Демократската партија за интеграција три дена ќе слави дваесетгодишнина од нејзиното формирање, години во кои многу кратко биле во опозиција, односно речиси 20 години се коалиционен партнер во секоја власт.

Според агендата што е објавена. на 3 јуни, односно во петок, во хотелот Хилтон во Скопје од 17 до 18 часот ќе биде организирана панел дискусија „Родовата интеграција во последните 20 години“ (Активност на Форумот на Жени на ДУИ). Потоа од 20.30 до полноќ ќе има концерт на олоштадот Скендербег во Скопје.

Во сабота на 4 јуни од 19 до 20 часот ќе има фудбалски натпревар (Активност на Форумот на младите на ДУИ), во Спортска сала на Средното Медицинско Училиште во Тетово.

Од 20.30 часот до полноќ ќе има концерт на плоштадот Илирија во Тетово, а централната манифестација ќе се одржи во недела од 13 до 14 часот во Паркот на Чаир Скопје.

На сите овие настани ќе присуствува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најавуваат од партијата. Фокус праша колку пари ќе чини прославата и како ќе се плаќа, но од партијата не одговорија.

Ф.Ф.С.

 

Поврзани новости