-Ние сме подготвени за изборите на 24 април и очекуваме да победиме, изјави министерот за економија, Бекир Незири. Според него немало неправилности на минатите изборни циклуси, но доколку постоеле тој ја повика полицијата да ги расчисти.
Ваквиот став на ДУИ е на иста линија со тој на ВМРО ДПМНЕ дека на 24 април треба да има избори. Наспроти владејачките партии, опозициската СДСМ неколку пати преку лидерот Заев повтори дека крајна цел на договорот од Пржино се фер и чисти избори, а не датумот кога ќе се одржат, а тоа значи пред се прочистување на избирачкиот список. Претходно, 100 дена пред изборите неопходно е да се повлече Груевски од позицијата премиер.
Со оглед дека некои точки од Договорот не се остварени, пред се Законот за медиуми, но и се уште не е ни започнато да се прочистува списокот со гласачи, сите аргументи одат во правец дека ќе има одложување на изборите. Дали тоа ќе се случи ќе се знае по посетата на Хан на Скопје.