ДУИ со реакција, огорчени се од политичко-медиумската кампања за тетовскиот универзитет

by fokus

Иако цела јавност чека реакција од ДУИ, откако струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, кадар на оваа партија која е дел од владејачката коалиција, беше ставен на црната листа на САД, партијата вечерва испрати соопштение, но за наводната политичко-медиумска кампања против Универзитетот во Тетово за што се длабоко огорчени.

-Во овој период кај нас се спроведуваа изборни процеси во 4 јавни високообразовни установи согласно универзитетската автономија. За жалење е тековната медиумско-политичка кампања против Универзитетот и апелираме на итен прекин на кампањата и институционално отфрлање на каква било загриженост од која било партија.

Ги повикуваме професорите и раководните органи на Универзитетот во Тетово строго да го следат и почитуваат Законот за високо образование, особено членот 97, како и статутот на Универзитетот во Тетово во точното спроведување на изборниот процес во институцијата и да овозможи целосна транспарентност на датумот конкурс 31 мај 2023 година за избор на ректор на Универзитетот во Тетово за мандатот 2023-2026 година.

Исто така, ги повикуваме сите кандидати за ректор да ги изнесат до надлежните органи, пред се до Државниот инспекторат за просвета и другите органи, евентуалните неправилности доколку има докази за различни влијанија, велат од партијата на Ахмети.

Оттаму се убедени дека интегритетот на професорите е неприкосновен и дека секој ќе го даде својот глас слободно убедено, на демократски начин. Медиумите на албански јазик деновиве објавуваа дека партијата мести свој кандидат за ректор на овој Универзитет.

Поврзани новости