554
Демократската унија за интеграции испрати апел до граѓани да ги избегнуваат фамилијарните собири и ги повика да не ги одбиваат тестирањата за новиот вирус Ковид-19.
-Вирусот Ковид-19 е присутен и се проширува загрозувајќи го здравјето на граѓаните, затоа заедно треба да го спречиме. Да ги избегнуваме фамилијарните и пријателските собирања да ги прифатиме тестирањата и анкетирањата, максимално да одржуваме хигиена, да не излегуваме од дома без заштитни маски и да држиме физичко растојание. Враќањето во нормалност може да се оствари само преку максималното почитување на мерките, а нашето невнимание и непочитување на меркитеможе да предизвикува непредвидливи последици кон здравјето, економијата и општеството, апелираат од ДУИ.