488
Демократската унија за интеграција смета дека ад хок телото за надзор на медиумите нема да ја спречи партизацијата и политизацијата на медиумите, која, како што вели Артан Груби, шеф на кабинет на лидерот на партијата Али Ахмети, е карактеристично само за макединските партии и медиуми.
-Партизираноста и политизираноста на медиумската сфера е карактеристика на македонските политички партии и на медиумите на македонски јазик. Тоа не е случај кај медиумите на албански јазик. Затоа и целиот проблем беше концентриран меѓу двете македонски политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, вели Груби за „Телма“.
ДУИ, како што пренесува телевизијата, сè уште нема одлучено дали ќе предложи свој член и дали ќе учестува во работата на ова тело.