Губитниците на претседателските и парламентарните избори од Влен секојдневно не оддалечуваат од интеграцијата во Европската унија и ја приближуваат државата до стратешко партнерство и финансиска зависност од Кина и Русија, велат од ДУИ.
– Одлуката на Европската унија да ја одвои Албанија од Македонија во нашиот европски пат е најголемиот неуспех за владата со моноетнички легитимитет. Ги потсетуваме граѓаните дека албанските партии кои ги загубија изборите потпишаа предизборна декларација и ветија дека никогаш нема да станат дел од влада без промена на уставот и деблокирање на европскиот пат на земјата.
Ветија и дека за три до шест месеци ќе го сменат уставот, во спротивно ќе излезат од владата. Но, повторно ги излажаа и ги измамија граѓаните.
За само 100 дена ја оддалечија земјата од Европа, предизвикаа непријателства со Грција, Бугарија, Косово и Албанија, а притоа ја доближија до Србија, Унгарија, Русија и Кина.
ДУИ останува цврсто определени да продолжи да биде чувар на нашето евро-американско партнерство и по ниедна цена нема да дозволи промена на западниот курс на државата, се вели во соопштението на ДУИ.