Демократската унија за интеграција смета дека се скандалозни и неприфатливи ставовите на експонентите на поразените на претседателските и на парламентарните избори, послушниците на ВМРО и непочитувачите на волјата на Албанците, против албанскиот јазик.
„Главните слуги, главните вазали, секојдневно излегуваат со оправдувачки ставово за изјавата на претседателот на Уставниот суд против албанскиот јазик и ги повторуваат ставовите на ВМРО ДПМНЕ.
Овој чекор ќе биде следниот и најсериозен удар врз Охридскиот договор, етничкиот легитимитет, еднаквоста во државата и меѓуетничките односи.
Дарко Костадиновски е избран за член на Уставниот суд по предлог на ВМРО ДПМНЕ, поточно на поранешниот претседател Иванов, додека претседател стана во времето на оваа власт со моноетнички легитимитет.
Скандалозно е оправдувањето од ВЛЕН и до нив блиските медиуми, за осакатувањето на службениот албански јазик и говори дека тие се продадени, но и дека го продаваат албанскиот народ за своите позиции.
Претпоставката за одлуката на Уставниот суд од страна на претседателот на судот е политички притисок врз судиите и се прави по налог на власта со моноетнички легитимитет за понижување на Албанците“ велат од ДУИ.