ДУИ се недопирливи и со големи бизниси

by Fokus

Постои своевиден распад на системот за гонење на високопрофилиран функционерски криминал по суспензијата на Русковска, дисциплинските постапки за три обвинителки за гонење на организиран криминал и оставката на Арафат Муареми во Финансиската полиција, а владата и надлежните не регираат, оцени професорот по кривично право Гордан Калајџиев во интервју за Слободна Европа.

Оценката на универзитетскиот експерт за кривично право е дека има очигледна врска на организираниот криминал со политички структури.

-Во конкретниов случај личи како обвинителите да покажале некој отпор, продолжиле со некои истраги за кои им било кажано да не ги водат или да ги сопрат и личи дека во конкретниот случај тие се повеќе жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури, рече Калајџиев за РСЕ.

За ДУИ рече дека е очигледно дека има нешто во јавниот впечаток дека се заштитетни како бели мечки.

-Знаеме дека во суштина ДУИ се недопирливи и имаме многу малку случаи за корупција во тој дел, иако знаме дека во добар дел моќта на оваа политичка структура е голема. Има многу озборувања за криминал и корупција, а не гледаме никакви постапки и тоа кај луѓето остава впечаток дека тие се некоја заштитена бела мечка. Колку од се ова е точно, јас не можам да знам, но очигледно е дека нешто има во ова, бидејќи добар дел од големите бизниси се практично во нивни раце, истакна Калајџиев.

Поврзани новости