Вицепремиерот Иџет Меџити и лидер на Демократското движење кое е дел од коалицијата „Вреди“ тврди дека никој не им се заканува на ДУИ, туку сами си испраќаат заканувачки мејлови.
-Нив не ги вознемирува и не ги задева никој, тие не се чинител! ДУИ со кибернетски електронски мејлови си се закануваат самите на себе, па го пријавуваат тоа во полиција! Тоа се нивни политички акробации!
Самите ги пишуваат тие електронски мејлови, па ги пријавуваат во полиција. Ним не им се заканувал никој се додека не беа во опозиција, а сега не се некој чинител, што може да го натера некого за закани кон нив. Тие мора да си се посветат самите на себе, мора да се реформираат. Треба да се огласуваат со нови идеи, а не со ваквите политички акробации преку електронски мејлови да се закануваат самите на себе и да го пријавуваат тоа во полицијата!, изјави Меџити за ТВ 21.
Али Ахмети, Арбана Пашоли, Блерим Беџети, Дијана Тоска, Исмаил Јахоски, Рина Ајдари и Садула Дураки се пратениците на ДУИ кои пред неколку дена на своите службени имејл адреси добиле заканувачки пораки.
МВР на 26 јули објави соопштение во кое се вели дека неколкумина пратеници во Собранието на службените имејл адреси на 23 јули добиле пораки со заканувачка содржина.