ДУИ сака шефот на јавното обвинителство да биде Албанец

by fokus

Вицепремиерот, Бујар Османи, изјави денеска дека ДУИ сака на местото на јавниот обвинител да биде поставен Албанец, но пред се, посочи тој, треба да се почитуваат Законот и процедурите и да се избере експерт што ќе биде партиски неутрален.

-Некој кој ќе го врати достоинството на институцијата. Ние секогаш бараме правична застапеност во институциите и тоа не е дел од какво било политичко влијание. Дури и во судството бараме да има судии Албанци, но тоа не значи дека Владата или ДУИ се меша во системот. Само сакаме да се почитува Уставот – изјави тој.

Поврзани новости