Крешник Бектеши од ДУИ вели дека го овластиле партискиот лидер Али Ахмети да разговара со сите партии кои се заинтересирани за влез во Европскиот фронт, при што не ја исклучи Алијанса за Албанците, односно крилото на Зијадин Села.
-ДУИ го овласти лидерот Ахмети да преговара со сите политички партии. Исто така и со невладини организации, академици, разни интелектуалци за да имаме сеопфатен список. Господинот Ахмети води преговори со сите заинтересирани да се приклучат на европскиот фронт и тимот на последователни победи во изминатите 20 години – рече Бектеши.
За европскиот фронт кој првично беше најавуван меѓу СДСМ и ДУИ, Бектеши најави дека најверојатно оваа коалиција нема да се случи.
-Што се однесува до коалицијата со СДСМ, во овој момент кога зборуваме, не сме доволно блиску за да имаме таква коалиција, но најважно е кога ќе победи ДУИ, да победат граѓаните – порача тој.