ДУИ продава магла, ВМРО не ги казнува граѓаните, а СДСМ на терен дели маски, истакна Таравари

by Fokus

Околу датумот за избори, гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари смета дека и при минимални услови за избори, тие треба да се одржат. Дилемата мислам дека е дали на 5.07 или 26.07. Но, Владата е комплетно расштиман оркестар, не се знае ништо, додава тој.

–ДУИ продава магла, ВМРО не ги казнува граѓаните, СДСМ е на терен и дели рекламен материјал (маски). На Македонија и треба политичка влада. Што поскоро тоа подобро. Но, ако вака продолжат бројките и нема услови за организирање на избори, тогаш со легс специјалис нека седнат правниците и нека го вратат Парламентот, вели Таравари за Утрински брифинг на Слободна ТВ.

Поврзани новости