Демократската Унија за Интеграција ја поздравува транспарентноста на Претседателството на Република Косово во врска со скандалозниот дипломатски инцидент против претседателката, г-ѓа Вјоса Османи, соопштија од партијата.
„Вчерашното соопштение на косовското претседателство ги откри сите инфантилни лаги на бакнувачките вазали и слуги од Влен за да се замолчи и минимизира најголемиот дипломатски скандал во историјата на земјата.
Сите експоненти на Влен имаа различно оправдување меѓусебно, а сите беа демантирани од Претседателството на Косово, од МВР и од концесионерот ТАВ.
Овој скандал мора да се расчисти до крај и веднаш да сносат политичка одговорност нелегитимните узурпатори на институциите, Астрит Исени од МВР и Африм Гаши од Собранието.
Дивото и недозволиво однесување на шефот на обезбедувањето на нелегитимниот претседател на Собранието по налог на Африм Гаши, како и институционалното незнаење на Астри Исен, која не ни знаела за скандалот е неприфатливо.
Албанците не се ниту заштитени, ниту застапени во моноетничката власт.
Губитниците на претседателските и парламентарните избори се целосно потчинети и сервилни.
Понижување и срам на Албанците од некои вазали и миленици на ВМРО, а не на народот, нема да се дозволи“, велат од ДУИ.