ДУИ: Премиерот на нелигитимната влада да ја повлече иницијативата за преиспитување на албанскиот јазик

by Fokus

Ако премиерот на нелегитимната влада сака да докаже дека нема антиалбанска агенда и дека не е против албанскиот јазик, нека даде пример со повлекување на иницијативата на неговата партија во Уставниот суд за оспорување на употребата на албанскиот јазик, како и да престане со инструментализирање и вршење притисок врз Уставниот суд да го продолжи процесот на еднострано повторно преговарање на Охридскиот договор, порачаа од ДУИ.

„Двојните стандарди, кога се вели едно, а се прави друго, никогаш не направиле вистински лидер и никогаш не помогнале во изградбата на доверба меѓу граѓаните на мултиетничко општество како нашето.

Чинот на повлекување на оваа иницијатива и запирање на притисоците врз институциите ќе биде конкретен доказ дека премиерот не користи празни декларации за да ги покрие дејствијата кои се спротивни на еднаквоста и интеграцијата.

ДУИ апелира до премиерот на нелегитимната влада да стави крај на хипокризијата и да покаже со дела дека е за еднаквост на сите заедници.
Секое поинакво однесување ќе се смета за продолжување на политиките кои продлабочуваат поделби и ја нарушуваат меѓуетничката кохезиј“, се вели во соопштението на ДУИ.

Поврзани новости